Хојлунд и Мбапе предводници на идеалниот тим на второто коло во ЛШ

Европската фудалска унија (УЕФА) го објави идеалниот тим за второто коло од Лигата на шампионите, а таму се најдоа добро познати имиња кои прикажаа маестрални игри за своите тимови. 

Интересно е тоа што ниту еден тим нема повеќе од еден играч во идеалната единаесетка, која започнува со голманот на Галатасарај, Угурчан Чакир. 

Во одбраната се најдоа Нуно Мендеш од ПСЖ, Федерико Гати од Јувентус, Ерик Даер од Монако и Дензел Дамфрис од Интер.

Средниот ред го сочинуваат Јенс Хауге од Бодо Глимт, Марсел Сабицер од Борусија Дортмунд, Мартин Одегард од Арсенал и Николас Пепе од Виљареал, а во нападот се најдоа Килиан Мбапе од Реал Мадрид и Расмус Хојлунд од Наполи. 

ФОТО/PHOTO: SSC Napoli/Facebook