ВИДЕО: Хофенхајм со гол преку ВАР-пенал во 98. минута го расплака Келн!

Единаесеттото коло на Бундеслигата стартуваше со супер-возбудлив натпревар во Келн, на кој домашната екипа прокоцка водство и во самиот финиш остана без ниту еден бод против тимот на Хофенхајм, кој во последниот период игра во фантастична форма во домашниот шампионат.

Келн со голот на Кордоба уште во раната фаза на мечот поведе со 1-0, но немаше сили во ист ритам да го одигра и вториот дел, па гостите на најдобар можен начин го искористија тоа.

  • Извештај од натпреварот: 

Најпрво, преку Адамјан израмнија на 1-1, а потоа во 98. минута стигнаа до голема победа. По ВАР прегледите Хофенхајм доби најстрога казна, која во гол за три бода ја претвори Локадиља. 

Со овој успех, тимот предводен Шреден славеше по петти пат во низа, со што се врати на втората позиција на табелата, додека Келн продолжува да тоне и сега е на 17-тото место со само четири освоени бода.