Хофенхајм се засили со нигериски напаѓач од Лион

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм се засили со Нигериецот Гифт Орбан, кој пристигнува од редовите на францускиот Лион. 

22-годишниот напаѓач потпиша договор до јуни 2029 година и се очекува да биде солидно засилување за тимот, а трансферот е вреден девет милиони евра. Оваа сума може да се зголеми во зависност од настапите и постигнатиот учинок. 

Орбан ја започна кариерата во Стабек, а потоа играше и за белгискиот Гент. Во Лион не се снајде најдобро и постигна само пет гола на 21 натпревар, но имаше и проблеми со повредите кои го оддалечија од терените. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.