ВИДЕО: Хофенхајм се „лизна“ во Купот, сигурни победи на Дортмунд, Лајпциг, Шалке

Поранешниот бундеслигаш Гројтер Фурт го приреди најголемото изненадување од денешната програма од 1/16 финалето од Купот на Германија и како гостин по изведувањето на пеналите беше поуспешен од фаворизираниот Хофенхејм, откако во регуларниот дел од натпреварот на семафорот стоеше 2-2.

За разлика од германскиот претставник во Лигата на Европа, останатите фаворити без многу проблеми обезбедија осминафинале во најмасовното фудбалско натпреварување во Германија.

Борусија Дортмунд со 0-2 славеше на гостувањето кај Брауншвајг, Борусија Менхенгладбах со убедливи 0-5 беше поуспешна од Елверсберг, додека во бундеслигашкото дерби РБ Лајпциг со 0-3 извојува победа над Аугсбург.

Голема победа запиша и очајниот Шалке 04 (1-3 против Улм), а без осминафинале остaна Унион Берлин, затоа што на свој терен беше поразен од Падерборн.