Хофенхајм ќе прими гол, но сигурно ќе се радува на нова победа во ЛЕ

Хофенхајм со победа би обезбедил пласман во шеснаесетина финале. Со оглед на тоа што ТСГ во двата претходни настапи во меѓународните натпреварувања завршуваше на последното место во групата, тоа му е доволен мотив пред гостувањето во Либерец и без оглед на многуте проблеми со кои се соочува, уверени сме дека во Зинсхајн ќе ги однесе сите трите бода.

Сите квоти од натпреварот Слован Либерец - Хофенхајм

За жал, проблемите на екипата од „Рајн-Некар Арена“ воглавно ги предизвика коронавирусот. Токму кога стоперите Касим Адамс и најдобриот стрелец Андреј Крамариќ се опоравија од ковид-19, а дефанзивецот Стефан Пош и играчот за врска Денис Гајгер од повреда и се вратија во нормален тренажен процес, тренерот Себастијан Хенес доби нови лоши вести. Дури седум фудбалери се заразија во текот на престојот со репрезентациите на своите земји, а станува збор за група стандардни првотимци (ќе ги споменеме само одбранбените играчи Себастијан Руди и Кевин Фохта, крилото Роберт Сков и напаѓачот Мунас Дабур), па непознато е кој воопшто ќе му биде на располагање на Хенес.

Сите квоти од натпреварите во Лига Европа

Од друга страна, тренерот на оваа екипа не се соочува по прв пат со ваква ситуација, со оглед на тоа што поради наведените причини од почетокот на сезоната не можеше ниту еднаш да ја изведе најсилната постава. Среќа во неговата несреќа е одличниот ростер кој и онака е поквалитетен од оној со кој располага неговиот чешки колега Павел Хофтих, а ниту желбата на резервистите да се наметнат во тимот на Хенес и обезбедат поголема минутажа не е фактор кој треба да се занемари. Значи, двојка останува најреална опција, со тоа што би можеле да ја испратат 3+ и ГГ, Либерец би сакал да се оддолжи за ,,петардата“ од претходното коло.