• Саше Љолес
Екипата на Хофенхајм продолжува со добрите изданија во Бундеслигата и го победи Хамбургер со убедливи 4-1 во натпреварот од четиринаесеттото коло.
Домаќините бргу го заборавија поразот од Борусија Дортмунд во претходното коло и стигнаа до повеќе од заслужен триумф, постигнувајќи по два гола во двете полувремиња. Сите четири погодоци дојдоа од различни стрелци, а почесниот погодок за гостите беше дело на Французинот Рајан Филип.
Хофенхајм сега има 26 бодови, доволни за високото четврто место на табелата, додека Хамбургер останува на 15 бодови и на две позиции над опасната зона.
- Борусија Менхенгладбах - Волфзбург 1-3:
Волфсбург извојува важна гостинска победа кај Борусија Менхенгладбах (1-3), Ајнтрахт Франкфурт го надигра Аугсбург со минимални 1-0, а екипата на Сент Паули обезбеди нова победа и славеше со конечни 2-1 над Хајденхајм.









