• Мартин Танасковски

Екипата на Бетис го одбрани домашниот терен и славеше над Алмерија (3-1), за враќање на победничките патеки во Примера. Со овие три бода фудбалерите на Бетис се израмнија со Атлетико Мадрид на третото место.
- Бетис - Алмерија 3-1:
Најдобар играч на натпреварот беше играчот за врска Вилијам Карваљо кој даде два гола за домашниот тим. Домаќинот беше подобар во првото полувреме и во 23. минута поведе преку Карваљо, кој погоди по асистенција на Морено.
Алмерија изедначи на стартот на вториот дел преку Туре, но на Бетис не му требаше долго да ја врати предноста. Тимот на Пелегрини ја врати позитивата во 66. минута. Ветеранот Хоакин асистира и на 41 година, а погоди Борха. Дилемите околу победникот ги разреши Вилијам Карваљо во 71. минута.
Бетис по девет кола има шест победи, додека Алмерија е трета одзади и ја чека битка за опстанок до крајот.
- Еспањол - Ваљадолид 1-0:
Претходно, Еспањол беше подобар од тимот на Ваљадолид (1-0). Единствениот гол на мечот го даде Хозелу во 78. минута.