ХНС се извини на јавноста поради испадот на Дејан Ловрен

Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) упати извинување до јавноста и новинарите, по вчерашните случувања и „судирот“ на Дејан Ловрен со дел од претставниците на медиумите во Катар. 

<<< - ПОВРЗАНО - Срамен испад на Ловрен во микс-зоната: „Смрдле еден, плукаше уште од почеток...“

Дефанзивецот по завршувањето на натпреварот за третото место во Катар влезе во расправија со новинарите, по што се најде на удар на јавноста. Сепак, веднаш потоа портпаролот на ХНС во Катар, Томислав Пачак, веднаш им се извинил на новинариите за оваа ситуација. 

Хрватите вторпат во историјата освоија бронзен медал, откако тоа го им успеа и во 1998 година, а на минатиот Мундијал беа второпласирани.