ХНС не знае каде со трофејот: Ќе чека на автопат или ќе патува со хеликоптер?

Трката за титулата во Првата хрватска лига ќе се реши во последното коло, со натпреварите на водечката тројка. Во најдобра позиција е Ријека која иако има ист број бодови како Динамо (по 62), сама одлучува за себе. Победа на Ријека над Славен Белупо ќе значи трофеј, додека Динамо и Хајдук кој има 60 бода чекаат киксови. 

Проблем за челниците на Хрватскиот фудбалски сојуз претставува пехерот кој сакаат да му биде врачен на шампионот веднаш по последното коло. Тоа го потврдија и од ХНС, нагласувајќи дека првакот ќе слави со трофејот во раце, иако уште немаат решение како ќе го изведат тоа поради фактот дека три екипи може да бидат шампион. 

Една од опциите која делува како можеби најреална е пехарот да биде на тромеѓе кое ќе биде оддалечено на речиси идентично растојание од трите града каде што играат клубовите. Така, по крајот на мечот автомобилот со трофејот би се упатил кон конечната дестинација каде што ќе биде потребен. 

Друга опција е транспорт на пехарот со хеликоптер, што би било најкратко решение и би траело околу половина час, но бара дополнителни бирократски детали. Третата можност е трофејот да биде на стадинот на клубот кој има најмногу шанси за освојување на истиот, а тоа е Ријека, па ако има пресврт на ситуацијата да патува кон дестинацијата.