ХНС ја наполни касата: Еве колку заработи Хрватска со освојувањето на второто место во ЛН

Шпанската фудбалска репрезентација го освои третото издание на Лигата на нации на УЕФА, откако во финалето, одиграно пред 40.000 гледачи на „Де Кујп“ во Ротердам, по изведувањето на пенали совладана беше селекцијата на Хрватска со 5-4 (0-0).

Кога станува збор за наградниот фонд на УЕФА за завршниот турнир, во игра е голема сума на пари. Според официјалните податоци од сезоната 2018/19, победничката репрезентација на Португалија заработила 10,5 милиони евра, второпласираната Холандија девет, третопласираната Англија осум, додека Швајцарија седум милиони евра.

За сезоната 2020/21. објавени се неофицијални податоци, според кои освојувачот Франција заработи 14 милиони евра, а останатите учесници на „фајнал-фор“ турнирот заработиле иста сума како и во првото издание, па затоа од учество на завршниот тирнир „коцкестите“ ќе заработат најмалку седум милиони евра. Може да се претпостави дека победникот ќе добие исто како и минатата сезона, ако не и неколку милиони повеќе.

Кога ќе се соберат и милионите собрани од групната фаза, во касата на Фудбалската федерација на Хрватска од Лигата на нации ќе „легнат“ најмалку 11,25 милиони евра. За споредба, со бронзениот медал на Светското првенство во Катар, Хрватската фудбалска федерација заработи 25,5 милиони евра.

Состави

Златко Далиќ

4-3-3

    Луис де ла Фуенте

    4-2-3-1