• Зоран Мишевски
Во моментите кога на стариот континент се игра фудбал само во Белорусија, најдобриот фудбалер на оваа земја во последните две децении, Александар Хлеб ја изненади европската јавност со изјава со која се пошегува со најголемите ѕвезди на денешницата, Меси и Роналдо.
„Денес цел свет го гледа првенството на Белорусија. Сите кои сакаат фудбал треба да го вклучат телевизорот. Кога НХЛ лигата во хокеј на мраз ја суспендираше сезоната, многу хокеари заминаа да играат во Русија. Можеби Меси и Роналдо би сакале да дојдат во белоруската лига.
Овде луѓето работат, никој не зборува за вирусот. Фудбалот и зелениот терен се лек за сите“, порача Хлеб.
38-годишниот Хлеб блесна во Штуттгарт, а еден период мина заедно со нашиот Митко Стојковски. Потоа потпиша во Арсенал и Барселона, играше и во Турција, па се врати во татковината, а денес настапува за Ислох Минск Рајон.
За белоруската репрезентација запиша 80 натпревари и постигна шест гола.