Хит-напаѓачот во Холандија сруши рекорд на Луис Суарез

Младиот мексикански напаѓач Сантиаго Хименез влезе во историјата на холандската Ередивизие

22-годишникот кој со успех настапува за шампионот Феенорд во победата над Волендам во 15. коло постигна гол кој за него сезонава беше 18. Со тоа, Хименез во календарската 2023 година веќе има 31 гол, што е рекорд во Ередивизие. 

Досега лидер во овој статистички параметар беше Луис Суарез кој имаше 30 погодоци во 2010 година играјќи за Ајакс. Интересно е дека Хименез може по стапките на Суарез да заврши во Ливерпул, бидејќи „црвените“ се интересираат за младиот мексикански напаѓач. 

Јасно е дека Феенорд е попатна станица за Мексиканецот кој блесна по доаѓањето од Круз Азул за шест милиони евра.