ВИДЕО: „Хируршки“ прецизен проектил на Мекнил, Евертон освои огромни три бода

Фудбалерите на Евертон ја забележаа можеби клучната победа во трката за опстанок во Премиер лигата. Клубот кој оваа сезона мина низ многу препреки и се соочи со одземање на бодови, со триумфот над Нотингем Форест (2-0) многу веројатно ќе ја оствари зацртаната цел и во следната ќе се натпреварува со најдобрите во Англија.

На спротивната страна, пак, „шумарите“ остануваат на само еден бод повеќе во однос на Лутон, кој котира највисоко во опасната зона, и до крајот на шампионатот ќе водат голема битка за опстанок во елитното друштво.

Дуелот на „Гудисон Парк“ донесе израмнета борба и многу шанси на двете страни, но само домаќинот ги искористи своите. Во првото полувреме водство донесе Геј, додека во второто Мекнил испрати прецизен удар по земја од далечина и ги постави конечните 2-0. 

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло Евертон го игра големото дерби со Ливерпул, додека Нотингем Форест исто така се соочува со тим кој брка шампионска титула – Манчестер Сити.