ВИДЕО: Хинтерегер го наполни Баерн, па се сплетка и си постигна смешен автогол

Баерн Минхен лесно се справи со Ајнтрахт Франкфурт и со победата од 5-2, бодовите останаа на „Алианц Арената“. Во пресрет на дербито против Борусија Дортмунд, по кое може да се случи и пресвртница во сезоната, Баварците одиграа одлична партија и му дадоа пет гола на противникот. 

Сепак, човекот кој се истакна најмногу на средбата беше стоперот на гостите, Мартин Хинтерегер. Откако во два последователни корнери успеа да го намали резултатот од три на само гол негатива, во продолжението од натпреварот си постигна комичен автогол. 

  • Автоголот на Хинтерегер за 5-2: 

Така, Австриецот од херој на Ајнтрахт Франкфурт стана трагичар, бидејќи му донесе предност од недостижни три голови на Баерн Минхен.