• Иван Димовски
Селекцијата на Мексико со победа над Соединетите Американски Држави (1-2) го освои десеттиот трофеј на Голд купот.
Еден од стрелците на натпреварот беше ветеранот Раул Хименез, а тој при прославата му го посвети голот на загинатиот Диого Жота. Мексиканецот зеде дрес со презимето и бројот на Жота, па потоа седна и гестикулираше играње на видео игра, прослава која ја користеше и португалскиот фудбалер.
Инаку, Хименез и Жота ја делеа соблекувалната играјќи заедно во Вулверхемптон пред португалското крило да замине во Ливерпул.








