ВИДЕО: Хетафе ја победи Гранада во гол-шоу на „Алфонсо Перез“

Фудбалерите на Хетафе запишаа три бода во пресметката од 21. коло на шпанската Примера против Гранада со 4-2 (1-1). Дуелот на „Алфонсо Перез“ беше вистинско гол-шоу кое тргна уште во првиот дел, но кулминираше во продолжението. 

  • Извештај од натпреварот:

По само десет минути игра домашна предност донесе Сандро Рамирез по асистенција од Арамбари, но радоста траеше кратко. Само три подоцна Луис Суарез со својот прв погодок вечерва израмни на нерешени 1-1, резултат кој беше активен до полувремето. 

Се играа три минути во продолжението пред Енес Унал да ја врати предноста на Хетафе по асистенција на Немања Максимовиќ. Српскиот играч за врска по асистенцијата успеа да постигне и погодок во 63. минута и зголеми на 3-1. Надежта на гостите ја врати Суарез, ама Борха Мајорал се погрижи за мирна завршница на дуелот. 

Хетафе по 21 одигран дуел има исто толку бодови и се наоѓа на 16. место, две подолу од Гранада која има 24 бода.

Состави

Pepe Bordalas

3-5-2

    Fran Escriba

    4-4-2