ВИДЕО: Хетафе ја казни глупоста на Гомез и преку пресврт ја совлада Селта

Фудбалерите на Хетафе им се вратија на победите во Примера, откако саботната програма на 23. коло на шпанскиот шампионат го започнаа со значајна победа над Селта Виго, за зацврстување на петтата позиција на табелата (3-1). 

По ремито со Леванте и поразот од Атлетико Мадрид, малиот мадридски клуб конечно одигра квалитетен натпревар и во својот дом преку пресврт го запишаа деветтиот овосезонски триумф. Големата победа на Хетафе им ја донесоа Мата (2) и Молина, кои ги искористија гостинските грешки во дефанзивата и повторно ги израдуваа своите фанови. 

Селта подобро го започна мечот и по само две минути игра преку Араухо поведе со 0-1, но работите се комплицираа кога првиот напаѓач Гомез во една минута доби два жолти картони и својот тим го остави со играч помалку да се бори за бодови. Тоа, веднаш беше казнето од Мата, кој погоди од пенал, за потоа пресвртот да го комплетира Молина со погодок во 62. минута од мечот. Конечните 3-1 ги постави Мата со својот втор денешен гол. 

Во следното коло Хетафе нови бодови ќе брка на гостувањето кај Еибар, додека Селта ќе го пречека Леванте на Енис Барди