ВИДЕО: Хетафе го прегази Алавес и ја разжешти битката за Европа

Екипата на Хетафе одигра одличен меч против Алавес и успеа да слави со 4-0 (1-0), по што успеа да му се доближи на противникот на табелата и да ја разжешти битката за местата кои водат во Европа.

Домаќинот одигра ефикасен натпревар, даде три гола во мрежата на Алавес и воедно го задржа противникот без ниту еден шут во рамки на голот.

Два гола постигна Хорхе Молина, во 46. и 55. минута, а уште два во мрежата на противникот додаде Мата - еден од пенал во 33. минута како и еден од игра пред самиот финиш во 88. минута.

Хетафе е на шестото место во Примера со 31 бод, додека Алавес е петтопласиран и има само еден поен повеќе. Во наредното коло Алавес игра против Рајо Ваљекано на домашен терен, додека Хетафе гостува кај Атлетико Мадрид.