ВИДЕО: Хет-трикот на Синајоко од Париз ја расипа забавата на „Велодром“

Фудбалерите на Париз приредија големо изненадување во третото коло од Лига 1, откако славеа на гостувањето кај Марсеј со 3-2. Херој на гостите беше Ласин Синајоко, кој ги постигна сите три гола за својот тим.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите имаа идеален старт на натпреварот и поведоа уште во првата минута. Лука Колеошо продре по левата страна и одлично го пронајде Синајоко, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за 0-1. Марсеј брзо се врати во игра преку Амин Гуири. Напаѓачот израмни во осмата минута, а потоа во 53. минута повторно беше прецизен за целосен пресврт и водство на домаќините од 2-1.

Кога изгледаше дека бодовите ќе останат на „Велодром“, следуваше нов шок за домашните. По интервенција на ВАР и досуден пенал поради игра со рака, одговорноста ја презеде Синајоко. Напаѓачот на Париз беше сигурен од белата точка во 86. минута и го комплетираше хет-трикот за конечни 2-3. Марсеј до крајот не успеа да најде одговор, па Париз си замина со цел плен од едно од најтешките гостувања во францускиот шампионат.

За Марсеј ова е втор пораз во првите три кола од новата сезона. Тимот стартуваше со убедлива победа над Стразбур (4-0), потоа загуби од Монако (0-2), а сега беше поразен и од Париз. Од друга страна, Париз го продолжи одличниот почеток на сезоната и уште еднаш покажа дека може да биде едно од најпријатните изненадувања во Лига 1.