ВИДЕО: Хет-трик за едно полувреме на Лаутаро, Аргентина го уништи Мексико

Се сеќавате ли кој аргентински фудбалер последен постигнал хет-трик за националната репрезентација? Секако тоа е Лео Меси, кој за „гаучосите“ постигна шест хет-трика, последниот со Хондурас пред стартот на Мундијалот минатата година. Сепак, ниту еден негов хет-трик не е реализиран во едно полувреме, а таков подвиг му појде од рака на Лаутаро Мартинез. Младиот фудбалер на Интер учествуваше со три гола во победата од 4-0 (4-0) на составот на Скалони против Мексико. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во периодот од 17. до 29. минута Лаутаро трипати ја затресе мрежата на победникот на Голд Купот, кој ја продолжи мизеријата во директните дуели со Аргентина. Ова беше прв пораз по пет позитивни резултати за Мексиканците, кои ги води некогашниот аргентински селектор Тата Мартино. Четвртиот гол за аргентинската селекција го постигна Леандро Паредес од пенал.

Скалони им даде шанса на Мотиел и Мекалистер, а во вториот дел во игра влегоа Дибала и Ланцини. Со двете победи без Меси, Аргентина најавува нова ера пред почетокот на квалификациите за Светското првенство во Катар.