• Зоран Мишевски

Прославата на светската титула, Аргентинците ја продолжија со упте еден пријателски натпревар против егзотичен противник. По победата против Б тимот на Панама со 2-0, сега „гаучосит“ на другиот крај на земјата, во Сантијаго дел Естеро го совладаа националниот тим на малиот остров, Курасао, со 7-0.
Лионел Меси вгради хет-трик за едно полубреме и ја „раситна стотката“ за националниот тим. Нико Гонзалез, Енцо Фернандез, Ди Марија и Монтиел ги постигнаа останатите голови за составот на Лионел Скалони.
- Извештај од натпреварот:
Последна мисија на шампионот на Јужна Америка и мундијалски победник е првото место на ранкинг листата на ФИФА, кое денес му припаѓа на бразилската репрезентација.