• Саше Љолес

Фудбалерите на Монако без поголеми проблеми ја оправдаа фаворитската улога и славеа со огромни 7-1 (2-1) против Нант во 22. коло од француската Лига 1.
Гостите приредија мало изненадување со погодокот на Матис Аблине во четвртата минута, но веднаш потоа директен црвен картон доби Николас Коца, по што следуваше потопот од домашниот тим.
- Монако - Нант 7-1:
Монако најпрво израмни на 1-1 Мика Биерет во 44. минута, а само шеесетина секунди подоцна дојде и до водство откако прецизен беше Јапонецот Минамино. Тимот од кнежевството водеше со 2-1 на паузата, а и во вториот дел продолжи со „бомбардирањето“ на гостите.
Данецот Биерет го комплетираше својот хет-трик во 64. минута, а во меѓувреме еднаш во листата на стрелците се запишаа Марконаецот Бен Сегир и двапати младиот напаѓач Илиеникена. Нант повеќе немаше што да бара на овој меч и се помири со огромен пораз во Монте Карло (6-1).
Победа оствари и второпласираниот Олимпик Марсеј, кој го надигра Сент Етјен со конечни 5-1. (1-0).
Домашниот тим го завери триумфот со четири гола во второто полувреме, откако на паузата резулатот гласеше 1-1. На табелата ПСЖ останува лидер со 53 бода, Олимпик Марсеј има седум помалку, додека Монако е на третата позиција со вкупно четириесет бодови.