• Мартин Танасковски

Екипата на Тиквеш изгледа дека ќе биде сериозен фактор во македонскиот фудбал оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадарчани во дербито на колото го совладаа лидерот Шкендија (3-1) и станаа првиот тим кој ги победил тетовчани оваа сезона.
- Извештај од натпреварот:
Имаа пет победи по ред тетовските црвено-црни, но против одбраната на Тиквеш немаа решение и пат до мрежата. Голманот Стевковски речиси и да немаше многу работа, заради добрата поставеност на играта на тренерот Богатинов кој има одличен тим оваа сезона во македонскиот фудбал, нешто кое не беше многу очекувано на стартот на сезоната кај љубителите на фудбалот.
Човек на натпреварот е Нфанли Сила. Офанзивецот на Тиквеш во моментов е еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч во ПМФЛ. Три гола постигна Нигериецот во мрежата на Шкендија, еден во првото и уште два во второто полувреме. Два беа одлични, напаѓачот покажа одлично чувство за навремен шут, потези за кои голманот Рамани немаше решение. Единствен стрелец за Шкендија на мечот беше Ислами кој погоди со глава, но подоцна поцрвене.
Прва македонска лига, шесто коло
Шкендија - Тиквеш 1-3 (0-1)
Стрелци: 68' Ислами (Шкендија), 19', 60', 72' Сила
Тренинг-центар „Петар Милошевски“ при ФФМ
Гледачи: 150
Главен судија: Бенџамин Ќерими
Асистенти: Изеири Вјолца, Трајков Борис
ВАР-судија: Стојчевски Игор
Жолти картони: Ислами, Зејнулаи, Мелиќи (Шкендија), Ацковски, Ренатињо (Тиквеш)
Црвен картон: Ислами (Шкендија)
Шкендија:
Рамани, Трумчи, Ислами, Ндзенге, Крејзиу (од 80м. Џеладини), Зејнулаи, Мељиќи, Тамба, Абдурахмани (од 63м. Ибраими), Манев, Рамадани (од 54м. Крстевски)
Тиквеш:
Стевковски, Секирски (од 61м. Влајковиќ), Фал, Рамадани, Сила, Николовски, Вареловски, Окере (од 89м. Ракипи), Ацковски, Гуџуфи (од 61м. Ренатињо), Лукман (од 67м. Лусианињо)
Играч на натпреварот: Нфанли Сила (Тиквеш)
Во следното коло на ПМФЛ, Тиквеш го чека ново дерби, ќе ѝ биде домаќин на Струга, додека Шкендија патува на гостински терен кај Арсими.

