ВИДЕО: Хет-трик на Санчо, Дортмунд „полуде“ и за 35 минути даде ШЕСТ гола

Борусија Дортмунд им се врати на победите во Бундеслигата и како гостин кај фенерџијата Падерборн (1-6) освои значајни три бода со кои се зацврстува на второто место во германската фудбалска елита.

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот на „Бентелер Арена“ не наговстуваше дека ќе има седум погодоци, ако се земе предвид дека во првото полувреме мрежите мируваа. Фаворитот се налути во вториот дел, воден од Санчо и Азар блескаше, па до врв ја наполни мрежата на противникот.

Голеадата во Падерборн верувале или не започна во 54. минута, кога Торген Азар го отвори резултатот. Само неколку минути подоцна Санчо зголеми на 0-2, а во 72. минута Чан направи пенал, кој во гол го претвори Унемаер, за 1-2. Дортмунд се налути, па за 15 минути го уништи ривалот. Во 74. минута, Санчо зголеми на 1-3, за во последните пет минути, Санчо да го комплетира хет-трикот, а по еднаш да стрелаат Хакими и Шмелцер.

„Милионерите“ се на второто место во Бундеслигата со 60 бода, седум помалку од лидерот Баерн Минхен. Падерборн, пак, гледа кон Цвајте, затоа што е на дното и мисијата за опстанок ќе биде (пре)тешка.