• Мартин Танасковски
Екипата на Ленс игра феноменално по кам-бекот во елитната лига на Франција и со нова победа над Тулуз (3-0) остана најблизок следбеник на лидерот во Лига 1 и актуелниот првак Пари Сен Жермен.
Малку кој очекуваше Ленс да има вака добар учинок, меѓутоа некогашниот француски првак демонстрира допадлив фудбал и одушевува. Секогаш игра на гол повеќе, а најновата победа му е деветта оваа сезона, по вкупно 13 одиграни натпревари.
Иако вториот дел почна лошо за Ленс, со промашен пенал на Фофана, во 60. минута Опенда се најде на вистинското место и го отвори Тулуз. Гостинот притисна во финишот, но откако му остави простор, Опенда со вториот гол зголеми на 2-0. Кога сите чекаа крај, Опенда го комплетира хет-трикот за конечни 3-0.
Ленс во следната рунда гостува кај Анже, додека Тулуз ќе биде домаќин на Монако.