ВИДЕО: Хет-трик на Милик во убедливата победа на Марсеј со Анжер

Екипата на Олимпик Марсеј стигна до триумф на домашниот дуел со Анжер (5-2). Пресметката од 23. коло на „Велодром“ тргна со двојно водство на гостите, но потоа Марсеј даде пет гола од кои три беа дело на Аркадиуш Милик. 

  • Извештај од натпреварот: 

Фулѓини и Бенталеб во осмата и 11. минута погодуваа за водство од 0-2 на Анжер. Сепак, радоста траеше кратко бидејќи за идентично сценарио имаше и на спротивната страна. Милик и Жерсон во 18. и 21. минута израмнија на 2-2.

Анжер долго парираше и се одржуваше со нерешен резултат. Сепак, со два погодоци за осум минути Милик го комплетираше хет-трикот и го одведе Марсеј кон победата. До крајот погоди и Џенгис Ундер за конечните 5-2. 

Марсеј по 23 одиграни натпревари има 43 бода, еден повеќе од Ница, а десет помалку од ПСЖ.

Состави

Џенаро Гатузо

4-3-3

    Alexandre Dujeux

    3-5-2