ВИДЕО: Хет-трик на Милик, Наполи со „покер“ до нокаут-фаза во ЛШ

Екипата на Наполи оствари очекуван резултат, на домашен терен убедливо го совлада Генк (4-0) и се пласираше во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Наполитанците како второпласирани одат понатаму, затоа што Ливерпул дојде до три бода во дерби-дуелот со Салцбург. Мечот на „Сан Паоло“ беше решен по брза постапка, затоа што три гола паднаа во првото полувреме. Гостите на мечот во Италија го добија најмладиот голман во историјата на ЛШ, затоа што Вандевордт дебитираше на само 17-годишна возраст.

Резултатот се отвори рано, уште во 3. минута, кога младиот Вандевордт беше трагичар. Чуварот на мрежата на Генк се обиде да дрибла, но не виде дека до него е Милик, па ја загуби топката и прими комичен гол. Полскиот репрезентативец експлодира во првиот дел и даде хет-трик, затоа што стрелаше уште во 26. и 38. минута. Точка на победата стави Дриес Мертенс, од пенал во 75. минута.

Дел од овој натпревар во ЛШ не беше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, затоа што остана на клупата за резерви.

Наполи противникот во нокаут-рундата ќе го дознае в понеделник, на ждрепка која е закажана во Нион.

Состави

Gennaro Gattuso

4-4-2

    Hannes Wolf

    4-3-3