ВИДЕО: Хет-трик на Милик и блесок на младиот Јилдиз, Јуве патува во полуфинале

Фудбалерите на Јувентус продолжуваат со позитивните резултати во овој дел од сезоната и вечерва ја впишаа петтата последователна победа во сите натпреварување. „Старата дама“ покажа моќ против Фросиноне и на погонот на Арек Милик извојува победа од 4-0 (2-0) и со тоа си обезбеди пласман во полуфиналето во Купот на Италија и дуел со римски Лацио.

По фантастичната претстава против Салернитана во претходното коло и победа од 6-1, Јуве и вечерва докажа дека силно го посакува Куп-трофејот, а најзаслужен за сигурната победа во Торино беше полскиот напаѓач. Милик го одигра најдобриот натпревар откако пристигна во Јувентус, затоа што беше автор на три гола. Првиот го постигна од пенал во единаесеттата минута, а потоа во финишот од првиот дел погоди за комотни 2-0. 

Само што започна второто полувреме поранешниот соиграч на Елмас во Наполи уште еднаш ја затресе мрежата на противникот, а младиот Јилдиз со вистинска атракција во 61. минута ги постави конечните 4-0.

  • Извештај од натпреварот:

Фудбалерите на Јуве оваа победа му ја посветија на тренерот Масимилијано Алегри кој вечерва прослави јубилеј – 400 натпревари на клупата торинскиот гигант. Покрај дербито меѓу Јуве и Лацио, вториот полуфинален пар од Купот на Италија го сочинуваат екипите на Фиорентина и Аталанта.

Состави

Тиаго Мота

3-5-2

    Vincenzo Vivarini

    3-4-2-1