Хет-трик на Каба, Арсими ѝ даде ДВАНАЕСЕТ гола на Могила во Купот!

Екипата на Арсими 1973 се пласираше во осминафиналето на Купот на Македонија, откако славеше огромен триумф над тимот на Могила со конечни 0-12!

Голеадата на тимот од Чегране започна во 19. минута, а до крајот на првото полувреме резултатот гласеше 0-4. 

Се чинеше дека гостите веројатно малку ќе забават во вториот дел, но се случи сосема спротивното. Арсими постигна уште осум гола и ја забележа една од најголемите победи во клупската историја. 

Хет-трик постигна Лорик Каба Јакупи, двапати стрелапе Ебрима Гаје, а по еден гол постигнаа Фатјон Јусуфи, Арџент Гафури, Башким Велија, Салваторе Рибаудо, Бленди Селмани, Суби Мустафа и Шабан Мемети.