ВИДЕО: Хет-трик на Жота, кикс на Рома, Менхенгладбах лудо испадна од ЛЕ

Екипата на Рома забележа голем кикс на домашен терен, одигра реми со австриски Волфсбергер (2-2) и во наредната фаза од Лига Европа ќе патува како второпласирана во групата Ј.

  • Рома - Волфсбергер 2-2: 

„Волчицата“ важеше за голем фаворит, на двапати водеше, арно ама не успеа да дојде до полн плен. Уште во 7. минута резултатот го отвори Пероти од пенал, а Флоренци си даде автогол во 10. минута и изедначи на 1-1. Потоа, во 19. минута Џеко реализира пак за предност на фаворитот, а студен туш во Рим предизвика Вајсман во 64. минута кој ги постави конечните 2-2.

  • Борусија Менхенгладбах - Истанбул Башакшекир 1-2:

Лидер во групата сега е Башакшехир кој приреди изненадување во Германија, победи со Борусија Менхенгладбах (1-2) и скокна на првото место. Првите два гола паднаа во првото полувреме - прво стрелаше Турам за Менхенгладбах, а изедначи Кавечи во 44. минута, додека турскиот тим во 90. минута реализира преку Кривели, за голема радост.

  • Вулверхемптон Вондерерс - Бешикташ 4-0: 

Во групата К каде ситуацијата беше јасна, блескава ноќ имаше Диого Жота од Вулверхемптон, кој во победата од 4-0 (0-0) даде хет-трик. Напаѓачот влезе од клупата за резерви во 56. минута, а стрелаше во 58., 63. и 69. минута.

Лидерот Брага беше сигурен и победи во Братислава кај Слован (2-4). Фонте, Тринкао, Паулињо и автоголот на Божиков донесоа три бода за гостинот од Португалија, додека за домашните Шпорар и Моха беа реализатори.

  • Манчестер Јунајтед - Астана 4-1: 

Во групата Л, Манчестер Јунајтед одигра перфектно второ полувреме и запиша три бода со АЗ Алкмар (4-0). Младиот Гринвуд беше двоен стрелец, а по еднаш реализираа Јанг и Мата од пенал. 

Српски Партизан со убедлив триумф над Астана (4-1) ја заврши групната фаза, а прашањето околу победникот беше решено во првото полувреме, кога погодија Сумах, Садичи и Асано. Во вториот дел, Садичи даде нов гол за 4-0, а утешниот погодок за гостите беше дело на Ротариу.