ВИДЕО: Хет-трик на Халанд, Сити премоќен за Барнли во ФА Купот

Екипата на Манчестер Сити со убедлива победа над најдобриот тим во второлигашкото друштво Барнли (6-0) патува во наредната фаза во англискиот ФА Куп, а тоа е полуфиналето.

Барнли беше лесен плен за разиграните „граѓани“ на Пеп кои не покажаа милост. Англискиот првак постигна вкупно шест гола во противничката мрежа, а централна фигура на теренот беше норвешкиот ас Ерлинг Халанд кој повторно даде хет-трик во дресот на премиерлигашот.

Халанд ги даде првите три гола за Манчестер Сити, Норвежанецот погоди во 32., 35. и 59. минута и веќе беше јасно кој ќе биде победникот на оваа средба. На голеадата се надоврзаа Алварез со два гола и Палмер со еден, за тотален дебакл на Барнли кој чекори кон промоција во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

На овој натпревар не играше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Крилниот играч според клупскиот извештај е надвор од терените поради повреда на ногата.

Состави

Пеп Гвардиола

4-4-2

    Винсент Компани

    4-2-3-1

      Најнови вести од
      ФА Куп, Англија