Хет-трик на Џеко за победа на дебито на Мурињо на клупата на Фенер

Жозе Мурињо со победа ја започна својата авантура во Турција. Неговиот нов клуб Фенербахче извојува минимален триумф на гостувањето кај Лугано во рамките од првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Резултатот во Швајцарија гласеше 3-4 за турскиот гигант, а на овој дуел свој блесок имаше искусниот босански напаѓач Един Џеко. Некогашниот ас на Манчестер Сити, Рома и Интер го одигра најдобриот натпревар во дресот на Фенер и зад своето име запиша три гола.

Покрај Џеко, за Фенербахче во листата на стрелците се запиша и Ферди Кадиоглу. Реваншот во Турција е за седум дена. 

Фаворитската улога уште во првата средба ја потврди и дански Митјиланд, кој на гостувањето кај Санта Колома славеше со 0-3, додека Ференцварош пред својата публика беше убедлив против ТНС (5-0).

Состави

Mattia Croci-Torti

4-4-2

    Жозе Мурињо

    3-4-3