ВИДЕО: Депај и Халанд до хет-трик, лесни победи и за Франција и Данска

Фаворитите беа убедливи во квалификациските натпревари на патот кон Катар и Светското првенство следната година. 

Холандија предводена од разиграниот Мемфис Депај кој постигна хет-трик, ја декласира Турција (6-1) и ѝ се одмазди за поразот во првата средба. Со оваа победа, Холанѓаните се вратија на првата позиција во групата Г и се израмнети со Норвешка со по 13 бода, додека Турците останаа на 11. 

  • Холандија - Турција 6-1:

Уште во првата минута од натпреварот, Дејви Класен го отвори резултатот и погоди за предност на „лалињата“. До полувремето, Депај постигна еден рутински погодок и една „паненка“ од пенал, а Турците останаа без Сојунџу кој заработи црвен картон. Во продолжението, напаѓачот на Барселона го дополни својот хет-трик во 54. минута. Турција беше индиспонирана, а тоа го искористи расположениот ривал па со головите на Гус Тил и Дониел Мален приредија дебакл. Гол за утеха постигна Џенгис Ундер во самиот финиш.

Ниту Норвежаните не се штедеа, па со убедлива победа од 5-1 над Гибралтар прокнижија нови бодови. Одличниот Ерлинг Халанд беше стрелец на три гола за својата селекција, во првиот дел погодуваше по Торстведт кој го отвори резултатот. Иако Стиш успеа пред паузата да намали на 3-1, аутсајдерот прими уште еден гол од Сорлот и се докажа дека нема што да бара во Осло. Во самата завршница, Халанд го комплетираше хет-трикот. 

  • Норвешка - Гибралтар 5-1:

Антоан Гризман беше човек на одлука за Франција, која со 2-0 ја среди Финска и стави крај на серијата од пет дуели без триумф. Финците и покрај тврдата игра, цврстата одбрана и храбриот настап на „Групама“, немаше сили за изненадување. Гризман го отвори резултатот во 23. минута, по одлична акција со Бензема фудбалерот на Атлетико Мадрид со надворешниот дел од копачката го матираше Храдецки. Во продолжението, конечниот резултат беше поставен во 54. минута, одново преку Гризман откако ја искористи „заспаноста“ во дефанзивата на Финците и погоди речиси од мртов агол.

  • Франција - Финска 2-0:

Изненадување во завршните минути од натпреварот на Босна и Херцеговина, во дуелот на „Билино Поле“ приреди Казахстан, освојувајќи бод (2-2).

  • Босна и Херцеговина - Казахстан 2-2: 

Убедливо славје запиша и Данска на „Паркен“ во Копенхаген му даде четири гола на Израел (5-0), за „шест од шест“ во квалификациската група Ф. Моќната претстава на избраниците на Хјумланд во триумф со пет гола ја претворија Јусеф Поулсен, Симон Кјаер, Сков Олсен, Томас Делејни и Корнелиус.

  • Данска - Израел 5-0: 

Во групата на Данците, битката за второто место ќе биде пеколна, особено по денешните средби. Шкотска ја шокираше Австрија и дојде до минимална победа на „Ернст Хапел“ во Виена од 0-1, па заедно со Израел ги скокна на табелата во групата и е втора со 11 бода. Дуелот на аутсајдерите во Торсхавн им припадна на Фарските острови, откако ја совладаа Молдавија со 2-1.

  • Австрија - Шкотска 0-1:

Утре се играат преостанатите натпревари од шестото коло од европската зона на мундијалските квалификации.

Состави

Луј ван Гал

4-4-2

    Штефан Кунц

    4-4-2