ВИДЕО: Хет-трик на Дембеле, ПСЖ доминантно го освои Брест

Двапати во февруари Брест и ПСЖ ќе се сретнат во плеј-оф фазата на Лигата на шампионите, а генералната проба пред двата европски натпревари беше дуелот од 20. коло на Лига 1. Иако играа на гостински терен фудбалерите од главниот град извојуваа победа од 2-5 (0-1). 

Луис Енрике почна со Осман Дембеле како најистурен напаѓач и Кварацкелија и Бркола како негова поддршка. Токму поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Барселона го отвори резултатот во 29. минута и „светците“ на одмор заминаа со минимална предност.

Само што започна вториот дел Дел Кастиљо погоди за Брест и го израмни резултатот на 1-1. Сепак, во само десетина минути Дембеле го реши прашањето на победникот со уште два гола, вториот по убавото додавање на корејскиот фудбалер за врска Канг Ин Ли.

Ажорке во 71. минута со прекрасен гол ја врати неизвесноста, но Гонзало Рамос во последните минути на додавање на Дезире Дуе двапати погоди и ги постави финалните 2-5. Пари Сен Жермен ја зголеми предноста на врвот и сега има 50 бода, дури тринаесет повеќе од Олимпик Марсеј, кој има и натпревар помалку. 

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот натпревар од 20. коло Ленс синоќа славеше во Монпелје со 0-2: