ВИДЕО: Хет-трик на Данџума, Виљареал ја продолжува битката за ЛШ

Екипата на Виљареал  со хет-трикот на Холанѓанецот Арно Данџума извојува убедлива победа над Гранада на гости со 1-4 во првиот саботен натпревар од 25. коло од Примера, и ја продолжи борбата за Лигата на шампионите.

  • Гранада - Виљареал 1-4:

Избраниците на Унаи Емери со двоен удар во првото полувреме стекнаа два гола предност. Данџума беше прецизен во 35. минута од пенал и во 39. минута од игра. Луис Миља со гол во 61. минута ја врати надежта на домаќините, но Данџума до хет-трикот дојде од уште еден погодок од пенал во 81. минута. Конечниот резултат го постави Мои Гомес во судиското надополнување.

„Жолтата подморница“ со третиот триумф на последните четири натпревари се искачи на четвртото место со 39 бодови. Исто толку бодови имаат и петтопласираната Барселона (два натпревари помалку) и шестопласираниот Атлетико (натпревар помалку). Гранада го забележа петтиот пораз во низа и ја чека грчевита борба за опстанок. Моментално е седумнаесетта со 24 бода, четири повеќе и натпревар повеќе од првиот под линијата Алавес.

Виљареал во следното коло ќе се соочи со Еспањол на 27 февруари. Пет дена претходно ќе го пречекаат Јувентус во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Гранада на 28 февруари на домашен терен ќе игра со Кадиз.

  • Елче - Рајо Ваљекано 2-1: 

Значајни домашни бодови синоќа освои Елче, кој пред своите гледачи го совлада Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски со 2-1.

Состави

Fran Escriba

4-3-3

    Marcelino

    4-4-2