• Горан Упале

Екипата на Монако ја врза четвртата победа во францускиот шампионат и пред својата публика славеше над Нант со убедливи 4-1 (3-0).
Иако во најавата на колото овој дуел беше претставен како дерби на денот во Лига 1, сепак на „Луиј Втори“ домашните фудбалери без многу проблеми и полесно од предвиденото го совладаа големиот ривал. Поточно, сè беше решено по само шест минути игра.
- Извештај од натпреварот:
Во втората минута, Емболо донесе прва радост на трибините и водство на Монако од 1-0, а потоа на сцена стапи капитенот Висам Бен Једер. 32-годишниот напаѓач во шестата минута стрелаше за 2-0, а пред истекот на првата третина од дуелот, на додавање на Головин, погоди за убедливи 3-0.
Налетите на фудбалерите од кнежевството не сопреа ниту по паузата. Монако беше решен да слави со уште поубедлива разлика, а тоа се случи во 62. минута, кога Бен Једер со уште еден гол го комплетира хет-трикот и реализира за 4-0. До крајот на натпреварот се тресеше и домашната мрежа, откако Енрике си постигна автогол.
Во следното коло Монако победничката серија ќе проба да ја продолжи на гости кај Монпелје, додека Нант излез од кризата ќе брка против Рен.