ВИДЕО: Хет-трик на Ајозе Перез, Њукасл го визира опстанокот во ПЛ

Њукасл Јунајтед со одличен ритам ја завршува сезоната и реди победи, и веќе е скоро безбеден за опстанокот во лигата. Во последниот денешен натпревар од 35. коло на Премиер лигата, „чавките“ го совладаа Саутемптон со 3-1 (2-0) и го втурнаа во проблеми пред последните три недели од сезоната во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Јунак на екипата на Рафа Бенитез беше Ајузе Перез. Шпанецот, кој своевремето настапуваше за Депортиво Ла Коруња, со два гола во интервал од само четири минути го реши прашањето на победникот. Малиот напаѓач снаодливо ја надмудри одбраната на „светците“ и двапати го матираше Ган.

Саутемтпон целосно се отвори, во вториот дел имаше повеќе од играта и успеа да го ублажи поразот со голот на Марио Лемина. Некогашниот фудбалер на Олимпик Марсеј и Јувентус во 59. минута со ефектен гол ублажи на 2-1.

Иако повеќе сакаа со срце, отколку со глава гостите од Саутемтпон како да се уморија и не создадоа ни можност за израмнување. Наспроти нив, играчот на натпреварот Ајозе Перез помалку среќно со глава во 87. минута ги постави финалните 3-1. Во петминутното надополнување Словакот Дубравка со уште една спектакуларна парада ја сочува победата.

Утре со три и в понеделник со дуелот Челзи – Барнли ќе биде спуштена завесата на 35. коло од Премиер лигата.