Хет-трик на Адамс, Шкотска убедлива во контролката против аутсајдерот во нашата група

Аутсајдерот во нашата квалификациска група, Лихтенштајн, попладнево одигра пријателски натпревар против селекцијата на Шкотска, а победата замина кај Островјаните, кои славеа со убедливи 0-4 (0-2). 

Јунак на Шкотите беше соиграчот на Ељиф Елмас од Торино, Че Адамс, кој впиша хет-трик, а четвртиот погодок беше дело на Џорџ Хрст од Ипсвич Таун

Лихтенштајн има шест порази на последните шест натпревари, а следен предизвик ќе му биде натпреварот против Македонија во Скопје, кој ќе се одигра на седми јуни. Нашите „рисови“ ќе бидат огромни фаворити за нова победа во групата Ј.