Хет-трик експлозија на Илоски: Три гола за само 40 минути во МЛС (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Милан Илоски одигра фантастичен натпревар во дресот на Филаделфија Унион, постигнувајќи три гола во убедливата победа од 4-0 против Орландо Сити во МЛС шампионатот.

Илоски го отвори натпреварот во 11. минута, кога беше прецизен од белата точка, а само осум минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за 2-0. Македонецот продолжи да блеска и во вториот дел и во 51. минута минута го комплетираше хет-трикот за конечни 4-0.

27-годишниот напаѓач стигна до 16 гола во сезоната и моментално е на четвртатата позиција на листата на најдобри стрелци во МЛС лигата. Лидер е Меси со 20 гола.  

Оваа негова серија доаѓа во период кога Илоски одби повик од селекторот Гоце Седлоски, па неговата голгетерска експлозија во МЛС лигата сигурно повторно ќе ја отвори дебатата околу неговото отсуство од националниот тим.