ВИДЕО: Хесус го реши Брајтон, Гвардиола обезбеди прво ФА Куп финале

Фудбалерите на Манчестер Сити се првиот патник во финалето на 138-то издание на ФА Купот, откако на „Вмебли“ го совладаа тимот на Брајтон со 1-0 (1-0). За тимот на Сити воедно пласманот во финалето е прв по доаѓањето на клупата на Пеп Гвардиола, а го обезбедија вкупно 11-то финале во најстарото англиско натреварување.

  • Извештај од натпреварот:

„Граѓаните“ победникот на денешниот натпревар практично го решија во првите пет минути, откако Габрил Хесус во 4. минута го искористи нафрлувањето од Кевин Де Брујне и го матира голманот на Брајтон (1-0). До крајот на првиот дел тимот од Манчестер умешно ја контролираше топката и не им дозволуваше на фудбалерите на Брајтон да се вратат во игра.

Избраниците на Гвардиола на стартот на вториот дел имаа извонредна шанса преку Рахим Стерлинг, но Рајан одлично реагираше. Брајтон на спротивната страна се закануваше со удари од далечина на Искиердо, но без поголема опасност за Едерсон. Во самиот финиш за Сити шанса имаше и Данило, но неговиот обид заврши високо над голот, па 1-0 остана и конечен резултат.

Противник на Манчестер Сити во големото финале ќе биде победникот од утрешниот дуел меѓу Вотфорд и Вулверхемптон.