Хесе одново на позајмица, сега ќе игра во Спортинг заедно со Ристовски

Хесе

Шпанскиот напаѓач Хесе Родригез ќе ја продолжи кариерата во екипата на Спортинг и ќе стане нов соиграч на нашиот Стефан Ристовски.

Од 2016 година, 26-годишникот потпиша за ПСЖ за сума од 25 милиони евра. Но, никако не се пронајде во екипата, па три години по ред игра како позајмен фудбалер.

Така ќе биде и во наредната сезона, кога ќе се пресели во Португалија. „Зелено-белите“ ќе му ја исплаќаат цела негова плата, но нема да платат никаква сума за неговите услуги.

Во последните три години, Шпанецот играше за Лас Палмас, Стоук и Бетис.