ВИДЕО: Херта со вториот триумф во низа ја продлабочи кризата на Гројтер Фирт

Фудбалерите на Херта Берлин се радуваа на победа во првиот дуел од петтото коло на Бундеслигата, на свој терен против Гројтер Фирт со 2-1 (0-0). Домаќинот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин се пресврт дојдоа до второто славје во низа, продлабочувајќи ја кризата на гостинот кој сè уште има само бод на своето конто. 

Првото полувреме беше преполно со тактика, со игра на средината на теренот и без ризици. Поради тоа, фановите на трибините не видоа шанси во првите 45 минути. 

По полувремето, Гројтер Фирт успеа прв да поведе. По прекршок на Зефјук во шеснаесетникот, гостите добија пенал кој го реализираше Бранимир Хргота за 0-1 во 57. минута. 

Токму овој погодок ја натера Херта да се разбуди. Само четири минути подоцна, Јирген Екеленкамп погоди за израмнување, откако реализираше по уфрлување од корнерот на Дардаи. Притисокот пред голот на Гројтер продолжи, а одбраната втор пат капитулираше по неколку спасени шанси. Со автоголот на Максимилијан Бауер, Херта успеа да го сврти резултатот, па до крајот рутински ја задржа позитивата и победи. 

  • Извештај од натпреварот:

Херта заборави на лошиот старт со три порази во низа, ги искористи дуелите со довчерашните второлигаши и врза две победи со кои се наоѓа на средината на табелата, додека Гројтер Фирт е последен. 

Состави

Felix Magath

4-4-2

    Stefan Leitl

    4-4-2