ВИДЕО: Херта со реми против Мајнц си го загрози бундеслигашкиот живот

Екипата на Херта од Берлин ја чека битка за опстанок до крајот, затоа што во рамки на 29. коло од Бундеслигата одигра реми (1-1) против тимот на Мајнц 05 како гостин.

Тимот од Берлин важеше за нефаворизиран тим на хартија, а иако успеа да поведе прв, сепак, не ја сочува таа предност. Двата гола на средбата паднаа во брз временски интервал, односно во само четири минути.

  • Извештај од натпреварот:

Мрежите се тресеа пред финишот на првото полувреме. Прво Херта поведе преку Тусар во 36. минута, додека ремито за домашниот тим го донесе Мвене во 40. минута. Во второто полувреме најдобрата шанса за гол ја имаше Херта во 83. минута преку Пјатек, арно ама шутот заврши над пречката.

За Херта ова беше трето реми во низа во Бундеслигата. Тимот се наоѓа на седумнаесеттото место со 27 бода и тоа носи директно во Цвајте. Пред него е Келн со 29 бода, кој стои на местото кое води во баражот. Мајнц пет кола е непоразен и котира на 12-тата позиција.