Херта и Унион во големото берлинско дерби ќе бркаат Куп-четвртинале

Германската престолнина имала поголеми дербија, ама Херта и Унион се најквалитетните претставници на берлинскиот фудбал и се единствени членови на Бундеслигата кои доаѓаат од истиот град.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Херта и Унион Берлин

Иако од обединетата Германија мина повеќе од три децении нивниот ривалитет не е само на спортски, туку и на културен и економски план затоа што Херта го симболизира богатиот запад, а Унион работничкиот исток, без разлика на тоа што во времето на некогашниот ДДР е сметан за дисидентски клуб кој беше во сенка на тогашниот миленик на комунистичката власт Динамо. Но, БФЦ се „удави“ во транзицијата, па навивачите на „челичните“ го упатија гневот кон Херта, а во последно време имаа повеќе причини за задоволство.

Препородувањето на црвените започна со доаѓањето на швајцарскиот стратег Урс Фишер во јуни 2018 година, инаку освојувач на две титули и на еден Куп со Базел, па веднаш го внесе Унион во елитата, а по првата сезона во која тимот од стадионот крај старата шума заврши на единаесеттото место, следеше прогрес и Унион играше во новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Вистина е дека не се прослави баш многу, но секако остави далеку подобар впечаток од Херта која цело време е нешто околу зоната за испаѓање.

Квоти за останатите натпревари во Купот на Германија

Со ангажманот на Тајфун Коркут за тренер на крајот на ноември тимот доживеа мало подобрување, но пред поранешниот турски репрезентативец е огромна работа, а Купот е интересен за „сино-белите“. Меѓутоа, добар резултат во овој меч би бил отскочна штица за Херта, на чиј „Олимпијаштадион“ Унион никогаш не победил, а притоа гостите се сериозно хендикепирани поради заминувањето на најдобриот стрелец, Нигериецот Таиво Авони, кој е на Африканскиот Куп на Нации. Унион и без него може до гол, па покрај кец Mozzart препорачува да размислите и за 1X&ГГ.