Херојско издание на Ибрахим Адел, Шпанците потклекнаа пред Египет

Репрезентацијата на Египет извојува голема победа над Шпанија во последното коло од групата Ц на Олимписките игри и славше со 2-1 (1-0), со што си го осигура првото место во оваа конкуренција. Со овој пораз Шпанците в петок во четвртфиналето ќе играат најверојатно со Јапонија, една од селекциите кои најмногу покажаа на турнирот. 

„Фараоните“ прикажаа одличен фудбал во текот на сите деведесет минути и објективно беа подобри на теренот, додека Шпанија на моменти силно притискаше и дури осум пати се обиде во рамките од голот, но успеа да постигне само почесен погодок во 90. минута преку Саму Омородион. 

Ибрахим Адел со два погодока беше вистински херој кај Египќаните, носејќи важен триумф за својата селекција, која како првопласирана од оваа група ќе патува во четвртфиналето. 

Доминиканската Република и Узбекистан ги поделија бодовите во ремито, кое заврши со конечни 1-1 (0-0). Автори на погодоците беа Нуњез и Одилов. Азиската селекција го освои првиот бод на Игрите, додека Доминиканците ја завршуваат групната фаза со бод повеќе.