ВИДЕО: Херојскиот спас на Масиело вреди три бода, Аталанта го слави дефанзивецот

Дефанзивецот на Аталанта, Андреа Масиело веројатно е најзаслужниот што неговата екипа извојува победа во Неапол со 1-2. Иако не постигна ниту еден од двата гола, дефанзивецот со подвиг ја остави својата екипа во игра, што подоцна се испостави како момент кој го сврте резултатот.

Имено, во 50. минута Милик изби сам пред голманот на Аталанта, го лобуваше и кога се чинеше дека голот е неминовен, Масиело со спас на самата гол линија ја исфрли топката во поле. ВАР-технологијата потврди дека топката со цел обем не ја мина гол линијата.

  • Интервенцијата за спас на Масиело против Наполи:

Дуван Запата и Марио Пашалиќ подоцна постигнаа голови за победа од 1-2 за екипата на Аталанта.