ВИДЕО: Херојска одбрана на Буфон, фати зицер во 89. минута и ја спаси Парма

Буфон

Џанлуиџи Буфон и натаму докажува дека годините за него се само бројка. Феноменалните реакции и рефлекси и натаму се дел од неговата игра.

Парма ова лето успеа да го убеди и да го врати во клубот. Легендата застана меѓу стативите на италијанскиот второлигаш и на последниот меч кај Беневенто го спаси тимот од пораз во самиот финиш од натпреварот.

43-годишникот покажа одлична присебност и со фантастична интервенција спаси чист гол во 89. минута.

Екипата на Парма ја запиша првата сезонска победа со погодок во 97. минута на Загаритис.