„Херојот во сенка“ на Сити: Многу сум среќен што останувам тука

Голманот на Манчестер Сити, Штефан Ортега денес го продолжи договорот со шампионот на Англија до 2026 година.

„Многу сум среќен што останувам во Сити. Ова е фудбалски клуб кој им дава на играчите сè што им е потребно за да бидат најдобри. Секој ден се чувствувам мотивиран и желен да напредувам", изјави Ортега.

Ортега е резервниот голман во Сити, но оваа сезона добиваше многу шанси. На крајот од Премиер лигата ја одигра една од клучните улоги во освојувањето на титулата и затоа го доби пекарот „херој од сенка“.

На мечот против Тотенхем го замени повредениот Едерсон и во самиот финиш на тој меч во ситуација „еден на еден“ му одбрани зицер на Хјеонг-Мин Сон и со тоа го зачува потребниот триумф за својот тим.

Овој 31-годишен голман дојде во Сити летото 2022 година од Арминија Билефелд и досега одигра 34 натпревари. Со Сити освои две титули во Премиер лигата, една ФА Куп и Лигата на шампионите.