Херојот во Купот на Бугарија влегува во тимот за мечот со Македонија

Екипата на Бугарија ќе има ново дополнително име во составот за натпреварот против Македонија кој ќе се игра на стартот на новата сезона од Лигата на нациите во Разград.

Селекторот Јасен Петров реши да додаде уште еден фудбалер. Нема да менува ништо од претходниот список, екстра-повик му врачи на 23-годишниот плејмејкер на Левски, Илијан Стефанов.

Играчот имаше солидна сезона, а беше и херој на „сините“ во Купот на Бугарија затоа што го даде победничкиот гол вреден титула. Левски во моментов има најмногу играчи во националниот тим на Бугарија.

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија се игра на втори јуни.