• Сашо Поповски
Норвешкиот претставник во Лига Европа, Розенбрг ја запиша првата победа во групната фаза и тоа против нашиот Вардар.
Лидер на Норвежаните беше Никлас Бендтнер, кој најпрво ја затресе мрежата на Гачевски со удар од белата точка, а потоа направи фантастична асистенција при третиот погодок на својата екипа.
Сепак, по крајот на мечот 29-годишниот напаѓач ги прекрши правилата на УЕФА и не се појави во микс-зоната каде го чекаа новинарите. Правилникот на европската куќа на фудбалот гласи дека секој фудбалер, кој бил дел од еден натпревар мора да помине низ микс-зоната, а потоа сам да одлучи дали ќе одговара или не на новинарските прашања.
Неколку новинари останаа дури еден час и го чекаа Бендтнер за потоа да бидат известени дека тој го напуштил „Леркендал“ стадионот.
Од клубот излегоа со јавно извинување во името на својот фудбалер и најавија истрага за што точно се случило и зошто Бендтнер не поминал во микс-зоната.